Како да знам кој полнач ми е потребен

Изборот на полнач, покрај вашите потреби за полнење, зависи од моделот на вашето електрично возило, односно од неговиот внатрешен конвертор, но пред сè од расположливата моќност во вашиот објект и инсталациите.

Помош при избор на полнач, како и сите дополнителни информации, можете да добиете со директно контактирање на нашите стручни лица и инженери на телефон +389 2 311 1199 или преку е-пошта prodazba@chargego.mk

Постојат AC (бавни) и DC (брзи) полначи.

AC полначите најчесто се наменети за домашна употреба, но може да се најдат и во хотели, деловни комплекси и приватни паркинзи.

DC полначите се наменети за јавна употреба и што пократко задржување при полнење. Овие полначи обично се наоѓаат долж автопатишта, на бензински станици или во рамки на големи трговски ланци.

Испратете ни барање на prodazba@chargego.mk или јавете се на +389 2 311 1199 за сите информации.

Иако сите полначи се произведени според стандарди што подразбираат одредено ниво на заштита, согласно домашните прописи (МКС HD 60364-7-722:2019) задолжителна е и инсталација на заштитна опрема. Оваа опрема е неопходна за целосна безбедност при користење на полначот, без оглед на моделот. Постојат различни сетови заштитна опрема, а основната разлика е дали полначот има едно или повеќе места за полнење.
Стручен одговор можете да добиете преку контакт со нашите инженери на телефон +389 2 311 1199 или преку е-пошта prodazba@chargego.mk

Да, нудиме комплетно решение по принцип „клуч на рака“ – од избор на полнач и излегување на лице место за проценка, до монтажа.
За повеќе информации контактирајте ги нашите инженери на телефон +389 2 311 1199или преку е-пошта prodazba@chargego.mk

Секако. Сите полначи имаат минимум 2 години гаранција (24 месеци).

Времетраењето зависи од батеријата на возилото и од моќноста на полначот.

  • AC полначи: 4–10 часа 
  • DC полначи: 20–60 минути (до 80% од батеријата)

Најчести стандарди се:

  • Type 2 (AC) приклучок за бавно полнење кај европски возила 
  • CCS Combo (DC) приклучок за брзо полнење 
  • CHAdeMO (DC) приклучок за некои јапонски возила

Да. Постојат понуди за комплетни решенија за деловни објекти, трговски ланци, хотели и бензински станици. Овие решенија вклучуваат инсталација на полначи, брендирање (по потреба), одржување и интеграција со корисничка платформа.

За физички лица, плаќањето е можно во готово или со пренос на трансакциска сметка на компанијата. За правни лица, плаќањето се врши преку фактура.

За производи достапни на лагер, можно е испраќање со курирска служба на посакувана адреса или лично подигање во нашата компанија во Скопје.
За полначи кои не се на лагер, рокот на испорака зависи од производителот.
Контактирајте нè на +389 2 311 1199 за да добиете информација во најкраток можен рок.